Дома Фудбал Клоп доживеа „предавство“, неговиот долгогодишен пријател заминува кај голем ривал

Клоп доживеа „предавство“, неговиот долгогодишен пријател заминува кај голем ривал

Јирген Клоп соработуваше со Пепијн Линдерс дури девет години, а сега му приреди „предавство“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пеп Линдерс е најпознат во фудбалскиот свет како десна рака на легендарниот Јирген Клоп.

Двајцата започнаа да соработуваат уште во далечната 2015 година кога Клоп ја презеде тренерската палка на Ливерпул.

Германецот веднаш по неговото доаѓање на „Енфилд“ го промовираше од тренер на младинските категории во негов помошник.

Од тогаш имаа одлична деловна соработка, но развија и големо пријателство надвор од фудбалските терени.

Заедно постигнаа многу успеси, меѓу кои освоија два трофеја од Лигата на шампиони, Англиската Премиер лига и ФА купот.

По завршувањето на деветгодишната епизода на Клоп во Ливерпул, неговите стапки ги следеше и Линдерс.

Холанѓанецот го напушти „Енфилд“ и одлучи да се посвети на самостојна работа, а можност за тоа доби во РБ Салцбург.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…