Дома Фудбал Виченцо Италијано го продолжи договорот со Болоња до 2027 година

Виченцо Италијано го продолжи договорот со Болоња до 2027 година

Италијанскиот фудбалски тренер Виченцо Италијано го продолжи договорот со Болоња до 30 јуни 2027 година, соопшти клубот. Италијано на почетокот од оваа сезона го презеде тимот и ја доведе Болоња до трофејот во Купот, што е првиот пехар за клубот по 51 година.

– Среќен сум што продолжуваме соработката. Нè очекуваат учества во возбудливи натпреварувања, како и цели кои допрва треба да ги постигнеме заедно. Ќе се видиме во јули, поспремни од кога и да било – рече Италијано, според веб-страницата на клубот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Болоња ја заврши сезоната на деветтото место на табелата на Серија А, а наредната сезона ќе игра во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се знае каде ќе игра Душан Влаховиќ од следната сезона?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по нешто повеќе од четири години во клубот. Нема дог…