
Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, се пласираше во третото коло на Ролан Гарос.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанецот, во второто коло на гренд слемот во Париз, го победи домашниот тенисер Ришар Гаске и го испрати во пензија.
Синер победи со максимални 3:0, по сетови 6:3, 6:0, 6:4, а мечот траеше час и 59 минути игра.
Така заврши богатата кариера на 38-годишниот Гаске, препознатлив по неговиот еднорачен бекхенд, кој своевремено беше седми тенисер во светот и има освоено 16 АТП титули, додека неговите најголеми успеси на гренд слемовите се полуфиналињата на Вимблдон и на УС Опен.
Синер во третото коло ќе игра против Чехот Јиржи Лехечка.
Понатаму се пласираше и третиот тенисер во светот, Германецот Александер Зверев.
Тој со 3:1, по сетови 3:6, 6:1, 6:2, 6:3, го победи Холанѓанецот Јеспер де Јонг.
Фото: Grok AI