Дома Фудбал Толку од Ајакс? Хендерсон може да се врати во Премиер лигата!

Толку од Ајакс? Хендерсон може да се врати во Премиер лигата!

Фудбалскиот тим на Сандерленд се врати минатата недела по осум години во Премиер лигата, а во претстојната сезона е можно да влезат предводени од некогашниот фудбалер на клубот Џордан Хендерсон, пренесуваат британските медиуми.

Иако искусниот англиски играч има договор со Ајакс на уште една година, разочарувачкиот завршеток на сезоната и губењето на титулата со поранешниот тренер Франческо Фариоли можеби ќе го наведат поранешниот капитен на Ливерпул на размислување.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Шпекулациите се засилија изминатиот викенд, кога Хендерсон беше присутен на натпреварот на Сандерленд против Шефилд на славниот „Вембли“.

Со оглед на тоа што е роден во Сандерленд и своиоте први фудбалски чекори ги направи и своето професионално деби го доживеа на „Стадионот на светлината“, јасно е дека љубовта на Хендерсон кон црвено-белите останува трајна.

Хендерсон неодамна изјави дека е задоволен во Ајакс, но прашање е со каков проект ќе влезе холандскиот гигант во следната сезона и дали ќе му дадат доволно силен предизвик за да ги одврати мислите за враќање во Сандерленд.

Клубот од северот на Англија ќе гради тим кој би бил способен да го задржи врвниот статус, а Хендерсон се смета како играч кој би можел значително да придонесе во поглед на искуство, афирмација и репутација на тимот.

Фото: Ajax/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вилијамс му се „молел“ на Деко за трансфер во Барселона, но добил „ладен туш“

Нико Вилијамс минатото лето беше пред потпис за Барселона, но се предомисли во последен мо…