Дома Фудбал Челси ја освои Конференциската лига и заработи исто колку тимот кој ги изгуби сите натпревари во Лигата на шампионите

Челси ја освои Конференциската лига и заработи исто колку тимот кој ги изгуби сите натпревари во Лигата на шампионите

Челзи успеа да ги освои сите европски трофеи во УЕФА натпреварувањата и стана единствениот тим којшто го направил ова досега. Тие, исто така, добија парична награда, која наспроти Лигата на шампионите, се смета за скромна.

Лондонскиот клуб во финалето на Лига Конференција го совлада Бетис со резултат од 4:1 и така го освои третото по квалитет европско клупско натпреварување. За овој успех „сините“ заработија 21,99 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За клубот од Англија, особено за тим што има потрошено толку многу пари на составот и трансфери, оваа парична награда речиси и не претставува значителна сума. За споредба, Челзи заработи речиси исто толку со освојувањето на Лига Конференција како и Слован од Братислава само со учеството во Лигата на шампионите.

Словачкиот тим, може да се каже, не успеа да се прослави во елитното европско натпреварување. На осум натпревари, претрпеа исто толку порази и завршија како последни на табелата. Сепак, нивната заработка беше речиси идентична како на Челзи, односно 21,87 милиони евра.

Фото: Chelsea/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се засили со куп млади таленти кон крајот на трансферниот прозорец

Во Милан можеби се откажаа од привлекувањето на голгетерот на Кристал Палас Жан-Филип Мате…