
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ги поразија Минесота Тимберволвс со 124:94 во петтиот натпревар од серијата на плејофот на финалето на Западната конференција во НБА лигата и со вкупни 4:1 се пласираа во големото финале и борбата за прстенот. Тоа им е првото финале од 2012 година, а таму ќе играат против победникот од финалето на Исток каде што Индијана Пејсерс има предност од 3:1 против Њујорк Никс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Освен почетното водство на Минесота, сè во овој натпревар беше во знак на Тандер, кои по првата четвртина имаа предност од 26:9, а во еден момент од дуелот и +39 поени повеќе од противникот.
Шеј Гилџис-Александер, МВП на основниот дел од лигата, повторно беше најдоброто име за Оклахома. Во победата запиша 34 поени, седум скока и осум асистенции. Најголемата помош ја доби од Холмгрен (22 поени, седум скока, три блокади) и Вилијамс (19 поени, осум скока, пет асистенции).
Џулиус Рендл постигна 24, а Ентони Едвардс 19 поени за Тимберволвс, кои од игра стрелаа со прецизност од 41,2 проценти и имаа 21 изгубена топка.