Дома Фудбал Шокантен пораз: Јунајтед потфрли во Куала Лумпур

Шокантен пораз: Јунајтед потфрли во Куала Лумпур

Мањчестер Јунајтед продолжува да се мачи во својата сезона. Овој пат, тимот на Рубен Аморим доживеа пораз во далечниот Куала Лумпур, загубувајќи со минимален резултат од составот на ASEAN Ол-стар за време на нивната турнеја низ Азија.

Неуспехот беше особено забележлив пред 73.000 навивачи кои се собраа на Националниот стадион во Букит Џалил. Присуството на толкава публика не успеа да ги мотивира фудбалерите на Јунајтед да се концентрираат кон победа и да го поправат впечатокот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Единствениот гол на натпреварот го постигна Маунг Маунг Лвин во 71. минута, откако го искористи недостатокот во одбраната на англискиот тим и успеа да го совлада Том Хитон.

Напаѓачот од Мјанмар стана јунак на денот, а поразот од тимот составен од репрезентативци и играчи од регионалните лиги на 12-те земји членки на ASEAN фудбалската федерација дополнително ја засени Јунајтед.

Ова беше прва посета на Јунајтед во Малезија, но заврши со разочарување.

Со овој резултат само се потврди продолжувањето на лошата серија која Јунајтед ја доживува оваа, но и претходните сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Идеалнaта екипа за 2025 година според FIFPRO

Здружението на професионални фудбалери FIFPRO објави во понеделникот идеални состави во ма…