Дома Фудбал Падна најважниот потпис во Барселона – потпиша една од најголемите ѕвезди

Падна најважниот потпис во Барселона – потпиша една од најголемите ѕвезди

Младата ѕвезда на шпанскиот фудбал, Ламин Јамал, вечерва и официјално ја потврди својата иднина во редовите на Барселона, ставајќи потпис на нов долгорочен договор што ќе важи до јуни 2031 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот клуб веќе подолго време работеше на продолжување на соработката со талентираниот офанзивец, а сега таа мисија е успешно завршена. Според неофицијални информации, договорот му обезбедува на Јамал годишна заработка од околу 20 милиони евра, што е јасен показател за тоа колку клубот го цени неговиот потенцијал и придонес.

Иако има само 16 години, Јамал веќе има импресивен настапен биланс: одиграл 106 натпревари за првиот тим на Барселона, при што има постигнато 25 голови и забележано 34 асистенции. Особено се истакна во тековната сезона, каде што одигра клучна улога во освојувањето на неколку значајни трофеи за клубот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…