
Манчестер Сити е на чекор да си обезбеди значајно засилување за претстојното лето. Тијани Рејндерс од Милан, кој веќе се збогуваше со Сан Сиро, е играчот што се очекува да пристигне.
Рејндерс (26) пред три дена беше прогласен за најдобар играч од средниот ред во Серија А и го доби ова престижно признание, иако неговиот тим Милан одигра една од најлошите сезони во последно време и не обезбеди пласман на европските натпревари.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Таа ситуација ги принуди раководителите на клубот да ги продадат своите најдобри играчи, а првиот што заминува е токму Рејндерс, кој беше апсолутен лидер и спротивност на останатиот дел од тимот.
Рејндерс веќе се збогуваше со Сан Сиро. Во последниот натпревар против Монца, остана сам да се прошета околу стадионот со својот син, што беше своевиден поздрав со навивачите.
Овој чин беше јасен знак за негов трансфер во Манчестер Сити, каде што се очекува „Граѓаните“ да платат 70 милиони евра за холандскиот репрезентативец.
Според новинарот на ESPN, Роб Доусон, преговорите се во завршна фаза, а Сити има намера да го доведе пред почетокот на Светското клупско првенство, кое ќе почне средината на јуни. Тоа значи дека Рејндерс во наредните денови треба да потпише договор со „Граѓаните“.
Италијански медиуми потврдија дека Рејндерс ги откажал претходно планираните летни одмори со своето семејство во Италија, бидејќи трансферот во Манчестер Сити ќе му одземе секакво слободно време поради учеството во Светското клупско првенство.
Важно е да се потсетиме дека Рејндерс во неколку наврати изјави дека не сака да си замине од Милан. Но, финансиските проблеми на клубот ги натераа челниците да го продадат, што дополнително ќе ги вознемири навивачите на седумкратниот европски шампион.