Дома Фудбал Омерагиќ: Лигата се крати за поголем квалитет, ВАР треба да донесе сигурност

Омерагиќ: Лигата се крати за поголем квалитет, ВАР треба да донесе сигурност

Според најавите Првата лига во Македонија од наредната сезона ќе биде со две екипи помалку, а како што вели претседателот Омерагиќ кратењето е со цел да се добие поголем квалитет.

Идејата е максимално да се намали бројот на натпревари кои не би имале значење, а со тоа и избегнување на ситуации каде што би е режирале резултати.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Причината за кратењето на лигата не е повлекувањето на Гостивар и Воска, причина е подигнување на квалитетот со што битката помеѓу испаѓање и Европа, нема да остави толку голем простор на средина на табелата. Пример: Првите три се борат за Европа и титула, последните три за опстанок и останатите четири во средина би имале веројатно шанси и за погоре, но не би биле далеку ни од последните позиции. Би било четворокружно натпреварување, работиме на детели, ќе ни дадат финални опции, имаме некакви размислувања, како би било пополнувањето на Првата лига за да нема такви натпревари како Кожуф – Башкими. Сакаме да ја зголемиме возбудата и до крај речиси секој да има зошто да игра.

За подобри услови од наредната сезона како што е пзонато во Македониај ќе се користи и ВАР.

„Ќе ги едуцираме судиите, ВАР донесе смиреност кај сите, но тој не значи дека секогаш 100% се ќе биде точно. Сепак, постои човечки фактор, меѓутоа ние самите треба да ја градиме атмосферата. Некои луѓее пуштаа сооптшенија, а на судиите не им лесно под притисок носат многу одлуки, па се случува да загрешат. Сите треба да бидеме позитивни за подобар фудбал и подобри услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…