
Ферари на Шумахер беше продаден на аукција во Монако за скоро 16 милиони евра. “Сотби” (RM Sotheby’s) објави дека финалната цена со вклучени даноци од 15,98 милиони евра ја понудил еден од гостите во ВИП зоната на хиподромот.
Овој автомобил, со кој светскиот шампион ја освои Големата награда на Монако во 2001 година, беше продаден за време на трката во кнежевството викендов, објави германската новинска агенција (dpa).
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Почетната цена на автомобилот беше осум милиони евра, информира Њујорк тајмс. Аукцијата се одвиваше и во живо и преку телефон.
Ова е највисоката цена некогаш платена за Формула 1 Ферари на аукција, се наведува во извештајот.
Рекордот го држи Мерцедес W196 со кој управуваа Хуан Мануел Фанџо и Стирлинг Мос педесеттите години од минатиот век. Овој автомобил оваа година беше продаден за околу 46 милиони евра.
Фото: YouTube/Screenshot