Дома Останати Тенис Синер: Навивам за Милан, но ќе биде добро и ако Интер ја освои ЛШ

Синер: Навивам за Милан, но ќе биде добро и ако Интер ја освои ЛШ

Уште една голема сличност со Новак Ѓоковиќ. Освен во стилот на игра, освен во одличните резултати, и двајцата навиваат за истиот фудбалски клуб. Сепак, за едниот тоа е интернационална симпатија, а за другиот национална.

– Зошто ме ставате во непријатна ситуација, кога сите знаете дека навивам за Милан – се насмевна најдобриот тенисер во светот на прашањето од новинарите на „Убитенис“ за кого ќе навива во сабота во финалето на Лигата на шампионите. Се среќаваат Интер и Париз Сен Жермен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На синоќешната победа на Синер во првото коло од Ролан Гарос против Французинот Риндеркнеш присуствуваше и Џанлуиџи Донарума, голманот на францускиот шампион.

„Ако победи италијанскиот тим, ќе биде прекрасно. Но и ако победи екипата на Донарума, би било одлично – се обиде Синер да изнајде баланс. Тој е од северот на Италија, недалеку од границата со Австрија, а Милано не е далеку. – Донарума ми е пријател и кога го видов на стадионот, беше неверојатно. Сега и двајцата сме многу концентрирани на она што ни претстои, но секогаш си даваме поддршка еден на друг“, кажа Синер.

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …