
Николо Заниоло вчера го следеше натпреварот на Примавера, мечот на младинските тимови на Рома и Фиорентина и по натпреварот влезе во тежок конфликт со стручниот штаб на Рома, како и со младите играчи на тој тим.
Заниоло ги исмејуваше играчите кои ги води Џанлука Фалсини, тренерот на Рома, а потоа започнаа и тешки зборови, како и заушки, според информациите на Спорт Италија.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Тоа не е сѐ, на крајот Заниоло влезе во соблекувалната и удри еден млад играч на Рома со тупаница.
„Рома информира дека по завршувањето на денешниот натпревар се случи непријатен инцидент во кој учествуваше Николо Заниоло.
Според досегашните информации, играчот се упати кон соблекувалната на младинскиот (Примавера) тим по натпреварот и притоа се однесуваше провокативно кон некои од младите фудбалери од клупската младина. За време на конфликтот, физички беа нападнати двајца фудбалери од Примавера тимот.“
АС Рома најостро осудува секакво агресивно однесување или постапки кои не се во согласност со спортските вредности“, се наведува во изјавата на Рома.
Фото: АЦФ Фиорентина