
КОШАРКАРИТЕ на Оклахома Сити Тандер ги победија Минесота Тимбервулвс 128:126 во четвртиот натпревар од финалето на плејофот на Западната конференција на НБА лигата, поведувајќи со 3:1 во серијата до четири победи и стигнувајќи на само едно славје од пласман во големото финале. Петтиот натпревар од серијата ќе се игра во Оклахома Сити во среда.
Шеј Гилџис-Александер, МВП на регуларниот дел од сезоната, одигра одличен натпревар и ја водеше својата екипа со 40 поени, девет скокови и 10 асистенции.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Џејлен Вилијамс додаде 34, а Чет Холмгрен постигна 21 поен, со седум скокови и три блокади во натпреварот одигран во Минеаполис каде што ОКС го загуби претходниот дуел со разлика од 42 поени.
.