Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората ова лето го напушти Реал Мадрид и премина во редовите на Челзи.
Мората имаше проблем со адаптацијата во првите неколку натпревари, но покажа дека ќе биде големо засилување за „сините“. Шпанскиот фудбалер минатата недела се опорави од повредата и призна дека со нетрпение го чека дербито против Манчестер Јунајтед кое се игра утре на „Стенфорд Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот при заминувањето од редовите на „кралевите“ пред себе имал неколку понуди, помеѓу кои и од Манчестер Јунајтед, но Шпанецот се одлучил да ја прифати онаа од Челзи.
„Манчестер Јунајтед во текот на летото се обидуваше да ме доведе имав прилика да играм на „Олд Трафорд“. Сепак, тогаш стигна повикот од Антонио Конте и не можев да го одбијам. За мене е од исклучителна важност што сум важен фактор во овој клуб. Среќен сум што сум тука и на секој натпреварќ е давам се од себе“, изјави Мората.