Дома Фудбал Астон вила „грми“ откако остана без ЛШ – ги нападна судиите во Англија (Фото)

Астон вила „грми“ откако остана без ЛШ – ги нападна судиите во Англија (Фото)

Фудбалскиот клуб Астон Вила се пожали на Асоцијацијата на судии во Англија (PGMOL) поради, како што беше наведено, голема грешка што ја направи судијата Томас Брамал на натпреварот против Манчестер Јунајтед, кој клубот од Бирмингем го загуби и ја пропушти шансата да се пласира во Лигата на шампионите.

Астон Вила доцна синоќа соопшти дека се жалела на PGMOL поради изборот на 35-годишниот судија за толку важен натпревар во последното коло од Премиер лигата.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Со оглед на толку високата важност на овој натпревар, клубот смета дека требаше да назначат поискусен судија. Од 10 судии кои судеа натпревари во последното коло, Брамал беше вториот најмалку искусен. Одлуката да се поништи голот на Морган Роџерс, кој ќе му обезбедеше водство на клубот 17 минути пред крајот, беше главниот фактор кој придонесе клубот да не се пласира во Лигата на шампионите”, се наведува во соопштението на Вила, пренесе Скај.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…