Дома Фудбал Јан Облак рекорден шести пат најдобар голман во Ла Лига

Јан Облак рекорден шести пат најдобар голман во Ла Лига

Словенечкиот фудбалски голман Јан Облак стана рекорден, шести пат, најдобар голман во шпанската Ла Лига и голманот на мадридскиот Атлетико уште еднаш го подигна пехарот Замора, именуван по некогашниот легендарен голман Рикардо Замора.

Облак и во оваа сезона беше голман со најмал процент на примени голови во сезоната. Услов е секој голман да запише најмалку 28 настапи во текот на сезоната во Ла Лига со 60 или повеќе минути на теренот.

Оваа награда 32-годишниот Облак претходно ја доби во 2016, 2017, 2018, 2019 и 2021 година, а со тоа зад себе во оваа конкуренција ги остави Виктор Валдес и Антонио Рамалетс, некогашните голмани на Барселона, кои по пет пати беа најдобри. Наградата Замора мадридскиот спортски лист Марка ја доделува од 1958 година.

Атлетико на Облак сезоната ја заврши на третото место на табелата зад шампионот Барселона и вицешампионот мадридскиот Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гил Марин пресече: „Хулијан Алварез нема да биде продаден на Барселона, ниту сега ниту во иднина“

Барселона нема да може да смета на Хулијан Алварез, барем додека Мигел Анхел Хил Марин е н…