Дома Фудбал Грилиш на излезна врата од Етихад

Грилиш на излезна врата од Етихад

Џек Грилиш се доближува сè повеќе до заминувањето од Манчестер Сити, ексклузивно известуваат локалните медиуми.

Играчот за врска, кој е познат по честите инциденти со алкохол и неговото присуство на забави до раните утрински часови, бил еден од последните гости кои си заминале од прошталната забава за Кевин де Бројне.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој го напуштил локалот дури по 1:30 часот навечер, а тоа никако не му се допаднало на менаџерот на тимот Жосеп Гвардиола, кој го изоставил од составот за исклучително важната посета на Фулам.

Од почетокот на годината Грилиш има едвај 143 минути во вкупно шест натпревари во Премиер лигата и често останува на клупата за резерви низ цели натпревари.

Проблем за евентуален трансфер би била сериозната плата што играчот ја добива, но од Сити веројатно би се согласиле на заем и плаќање на барем дел од надоместокот. Тековниот договор на играчот е до лето 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…