Дома Фудбал Вирц го изневери Баерн, Компани има суров одговор – доаѓа ѕвезда од 80 милиони евра

Вирц го изневери Баерн, Компани има суров одговор – доаѓа ѕвезда од 80 милиони евра

Сите мислеа дека Баерн е главниот фаворит за доведување на Флоријан Вирц и дека овој одличен фудбалер ќе потпише за гигантот од Минхен.

Меѓутоа, големо изненадување беше одлуката на Вирц да замине од Германија и да се договори со Ливерпул и остана само да биде официјално претставен како нов играч на овој клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Раководството на Баерн сметаше дека го има завршено трансферот на Вирц, но тој пред неколку дена одлучи да ги извести дека оди во Ливерпул.

Во Баерн веднаш почнаа да размислуваат за други играчи и пронајдоа идеално засилување одобрено од Компани.

Станува збор за Езе, фудбалер на Кристал Палас кој игра феноменално во својот клуб и е спремен за скок кога станува збор за клупскиот фудбал.

Овој фудбалер има 26 години, а раководството на Баерн сака да ја активира неговата откупна клаузула која изнесува 80 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …