
Сега нема никакви сомнежи, eден од најдобрите европски тренери Карло Анчелоти дефинитивно ќе си замине од Реал Мадрид по завршувањето на тековната фудбалска сезона во Шпанија, како што е објавено на официјалната веб-страница.
Како што е наведено, двете страни постигнале договор да ја прекинат соработката по сезона без освоен трофеј, и покрај тоа што Анчелоти имаше договор со Реал Мадрид до летото 2026 година.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Во понатамошниот текст се потсетува на сите успеси кои Анчелоти ги постигнал со Реал, што го прави најуспешниот тренер во долгата и богата историја на “Сантијаго Бернабеу”.
Заминувањето на Анчелоти беше потврдено и од претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој потсети дека Италијанецот секогаш ќе биде дел од семејството на Реал и дека сите се горди што имаа таква личност за тренер.
Comunicado Oficial: Ancelotti#RealMadrid | #GraciasCarlo
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 23, 2025
Фото: Real Madrid C.F/X