Дома Фудбал Модриќ добил две примамливи понуди – каде ќе ја продолжи кариерата?

Модриќ добил две примамливи понуди – каде ќе ја продолжи кариерата?

Хрватската фудбалска ѕвезда Лука Модриќ официјално потврди дека на крајот на сезоната ќе се раздели со Реал Мадрид, клубот во кој остави длабока трага и стана еден од најуспешните играчи во историјата на „кралскиот клуб“.

Веста предизвика бројни реакции во светските медиуми, а според информациите од Шпанија, веќе две клубски имиња се издвојуваат како најзаинтересирани за неговиот ангажман – Ал Хилал и Ал Наср од Саудиска Арабија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако има 39 години, Модриќ нема намера да стави крај на активната кариера. Напротив, се подготвува за нов предизвик, а финансиски моќните клубови од Блискиот Исток веќе му испратиле атрактивни понуди.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот се исплаши од црна магија: Неговата реакција стана хит

Фудбалскиот тим на Јамајка и понатаму се бори за учество на годинешното Светско првенство.…