Дома Фудбал Легендарниот Лусио објави слика од болницата, 18% од телото му е со изгореници (Фото)

Легендарниот Лусио објави слика од болницата, 18% од телото му е со изгореници (Фото)

Лусиo доби второстепени изгореници по несреќа со еколошки камин. Неговото семејство го пренесе во приватна болница во Порто Алегре, а првпат се огласи по тешките повреди

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот бразилски фудбалер Лусиo (47) беше примен во болница во Бразилја во сабота, откако претрпе несреќа со еколошки камин што му предизвика тешки второстепени изгореници. Изгореници зафатија 18 проценти од неговото тело, имаше две операции, по што семејството реши да го премести во приватна болница во Порто Алегре.

Поранешниот играч на Баерн и Интер првпат се огласи на социјалните мрежи по несреќата. Објави фотографија каде што речиси целото негово тело е во завои.

– Добро се опоравува, благодарам на Бог. Но, лекувањето на изгореници бара многу грижа. Со ова се соочува ден за ден – изјави неговата портпаролка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…