Дома Фудбал Нова бура во Манчестер јунајтед: Гарначо се соочи со камерите по финалето и го нападна Аморим

Нова бура во Манчестер јунајтед: Гарначо се соочи со камерите по финалето и го нападна Аморим

Манчестер Јунајтед беше поразен во финалето на Лига Европа од Тотенхем со 1:0 (1:0) и кога ќе се повлече линијата – ова беше една од најлошите сезони за „црвените ѓаволи” во последните 40 години. Јунајтед е на 16. место на табелата на Премиер лигата, испадна во петиот круг на ФА купот и Лига купот, а на крајот ни во Европа не постигнаа ништо и се чини дека сè се руши како кула од карти.

Така, Алехандро Гарначо, еден од најстандардните играчи на Јунајтед во Лига Европа оваа сезона, жестоко го „нападна” својот тренер Рубен Аморим, откако го остави на клупата за финалето и го воведе дури во последните 20 минути.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Оваа сезона беше жешко с**ање. Никого не победивме оваа сезона во лигата, искрено ви кажувам”, рече Алехандро Гарначо на новинарите од Аргентина кои го чекаа во “микс” зоната: „Додека не дојдовме до финалето играв секој меч и му помагав на тимот, а да играм само 20 минути денес… Не знам. Ќе уживам за време на летото и потоа ќе видиме”.

Алехандро Гарначо (20) оваа сезона одигра 58 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и забележа 11 гола и 10 асистенции.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса ги израдува фановите, Рафиња стави потпис

Барселона продолжува брзо да делува и да ги задржува најважните делови од тимот што освои …