
Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао го совладаа Манчестер Јунајтед со резултат 1:0.
Клучниот гол го постигна Бренан Џонсон во 42. минута.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Ова е четвртиот европски пехар за Тотенхем, трет во ова натпреварување, а прв по 1984 година. Меѓу достигнувањата на „Спарсите“ е и еден пехар од одамна укинатиот Куп на освојувачите на купови.
Покрај европската титула, неизвесноста беше уште поголема бидејќи на сцена беше и директниот пласман во Лигата на шампионите. Особено интригантно беше што во ова финале се соочија екипи кои моментално се наоѓаат на 16-то и 17-то место во англиската Премиер лига.
Сезоната одеднаш доби историска димензија, клубот ќе биде дел од Лигата на шампионите од месец септември, додека Јунајтед доживеа вистинска катастрофа и нема да биде дел од европските натпреварувања следната сезона.