
Англија, Ирска, Шкотска и Велс, кои ќе бидат домаќини на Европското фудбалско првенство во 2028 година, ќе учествуваат во квалификациите за овој турнир. Доколку не се квалификуваат преку редовни канали, за нив ќе бидат резервирани само две места, извести во среда европската фудбалска организација УЕФА.
Извршниот комитет на УЕФА на средбата во Билбао, која се одржа пред финалето на Лига Европа, ја донесе оваа одлука. Четворицата домаќини ќе бидат распределени во различни групи, а 12 победници од групите и осумте најдобри второпласирани репрезентации (вкупно 20 репрезентации) директно ќе се квалификуваат на завршниот турнир.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
“Две места на завршниот турнир ќе бидат резервирани за двете најдобри рангирани домаќински репрезентации кои нема да се квалификуваат како победници во групата или како најдобри второпласирани по завршувањето на квалификациската групна фаза,” се наведува во соопштението од УЕФА.
Преостанатите позиции ќе се решаваат преку бараж натпревари помеѓу останатите второпласирани во квалификациските групи и најдобро рангираните победници од групите во Лигата на нации на УЕФА 2026/27, се додава во соопштението.
“Во зависност од бројот на користените места од страна на земјите домаќини, бројот на позиции на завршниот турнир, што ќе се одлучуваат преку бараж, може да варира помеѓу две и четири.” Мечевите на ЕУРО 2028 ќе се играат на девет стадиони во Обединетото Кралство и Ирска.
Фото: UEFA/X