Дома Фудбал Промена во Милан: Легенда на Албанија станува спортски директор

Промена во Милан: Легенда на Албанија станува спортски директор

Поранешниот капитен на албанската репрезентација Игли Таре (51) треба да стане спортски директор на АЦ Милан, објавија италијанските медиуми. Во Милано сакаа на позицијата спортски директор да го видат Тони Д’Амико (45), кој успешно ја врши таа работа во Аталанта. Но, откако добија „корпа“, се свртеа кон Игли Таре, кој 15 години беше спортски директор на Лацио, каде што помина и дел од играчката кариера.

Таре ја напушти позицијата спортски директор на Лацио во јуни 2023 година, и тоа поради несогласувања со тогашниот тренер на римскиот клуб Маурицио Сари. Ако Таре стане спортски директор на АЦ Милан, тоа значи дека отпаднува можноста Сари да биде новиот тренер на црвено-црните од Сан Сиро, пишуваат италијанските медиуми.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тие предвидуваат дека Таре ќе сака да го доведе сегашниот тренер на Болоња, Винченцо Италијано (47), кој пред една недела го освои италијанскиот Куп, победувајќи го во финалето на римскиот Олимпик токму Милан (1:0).

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лука Модриќ стана партнер со Снуп Дог

Познатиот рапер Снуп Дог стана дел од сопствениците и инвеститорите на Свонси Сити, откако…