Дома Фудбал Пеп Гвардиола постави ултиматум на управата на Манчестер Сити: Направете го ова или веднаш си заминувам!

Пеп Гвардиола постави ултиматум на управата на Манчестер Сити: Направете го ова или веднаш си заминувам!

Пеп Гвардиола во 2016 година ја замени клупата на Баерн Минхен за клупата на Манчестер Сити и сè што следеше по тоа е историја.

Во тој период, Манчестер Сити беше уверливо најтрофејниот англиски клуб, а шпанскиот тренер ги освои сите можни трофеи со Граѓаните.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Меѓу другото, тоа се дури шест титули од англиската Премиер лига, два трофеи од ФА купот и се разбира Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023.

Шпанскиот стратег сигурно има голем кредит од претседателот и управата на Манчестер Сити, кои сега ги предупреди со ултиматум.

Како што пренесува англискиот “Guardian”, Пеп е фрустриран поради преголемиот број на играчи во тимот, бидејќи не може на сите да им даде шанса.

Според овој извор, тој им кажал на управата да продадат неколку играчи што е можно поскоро, или во спротивно ќе ја напушти Манчестер Сити.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…