Дома Фудбал Готово: Баерн договорил нов лидер на одбраната!

Готово: Баерн договорил нов лидер на одбраната!

Се чини дека Џонатан Та е пред потпис со Баерн Минхен!

Според сигурни извори, веќе е подготвено се за неговото пристигнување во Минхен.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Флоријан Плетенберг известува дека личните услови се договорени, а Фабрицио Романо вели дека Баерн додале уште една година на договорот, па Та ќе потпише до 2029 година наместо до 2028.

Венсан Компани, заедно со целото раководство на Баерн, го гледа германскиот репрезентативец како новиот лидер во одбраната, и се е на пат трансферот да биде официјализиран наскоро.

Та веќе долго посакуваше трансфер во Барселона, со кои имаше усмен договор уште од зимата, но преговорите застанаа откако Роналд Араухо реши да остане, а Ерик Гарсија го освои доверението на Ханси Флик.

На овој начин Та ќе остане во Бундеслигата, откако изминативе 10 години го носеше дресот на Баер Леверкузен, а претходно на Хамбургер.

Фото: Bayern Munich/X

Во Баерн се надеваат дека договорот ќе биде постигнат навреме и дека Та ќе пристигне за да помогне на тимот во освојување на новото Светско клупско првенство, кое летово се одржува во САД, од 14 јуни до 13 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли се врати во клубот кој го напушти во 2019 година

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли официјално се враќа на чело на Фиорентина, о…