Дома Фудбал Фариоли го напушти Ајакс по дебаклот и загубената титула (Видео)

Фариоли го напушти Ајакс по дебаклот и загубената титула (Видео)

Италијанскиот фудбалски експерт Франческо Фариоли им соопшти на играчите во понеделникот наутро дека го напушта Ајакс, а подоцна клубот ја потврди оваа одлука.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај добрата сезона со ограничени ресурси, Фариоли нема да остане во Амстердам. Малку недостигаше тимот да го освои националното првенство, беа неодамна на чело, но неколку неуспеси во завршните пет кола ги чинеа титулата. Четири натпревари без победа, ПСВ ги надмина и сега ќе мора да се задоволат со директен пласман во Лигата на шампионите.

Фариоли и управата не делуваа на иста линија во однос на задржувањето на Џордан Хендерсон во клубот и евентуалниот трансфер на Душан Тадиќ. Италијанецот се откажува од преостанатиот двегодишен договор.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо ги составува коцките – лев бек од Шпанија и голман од Португалија за страшен Челси?!

Фудбалскиот клуб Челси продолжува да се засилува, а следниот новајлија ќе биде левиот бек …