
Јаник Синер, кој се врати на терените по суспензијата, не успеа да го круниса евоето враќање со трофеј.
Во полуфиналето на Мастерсот во Рим, од него подобар беше третиот тенисер на светот, Карлос Алкараз, со резултат 2:0 (7:6, 6:1).
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Иако првиот сет беше напнат и се решаваше во тај-брејк, Синер не успеа да го задржи ритамот во продолжението на натпреварот.
Вториот сет беше еднонасочен, а Шпанецот рутински го ззаврши натпреварот.
546 дена без пораз без освоен сет – неверојатна серија
Што го прави овој натпревар посебно интересен е фактот дека ова беше првиот пораз на Синер без освоен сет од ноември 2023 година.
Последниот пат кога Италијанецот го напушти теренот “празни раце” беше во финалето на Завршниот АТП турнир во Торино, кога Новак Ѓоковиќ го победи со 6:3, 6:3.
Од тогаш, Синер:
Одигра 94 натпревари
Запиша 88 победи
Претрпе само шест порази, и тоа со освоен барем еден сет во секој од нив
Алкараз сега стана:
Првиот играч кој го победи Синер двапати откако Италијанецот стана број 1
Одговорен за четири од вкупно шестте порази кои Синер ги доживеа во овој неверојатен период
Со овој пораз,серијата на Синер од 25 последователни победи е прекината, со што се придружи на елитно друштво на големи тенисери со слични низи.
Новак Ѓоковиќ – четири пати
Роџер Федерер – четири пати
Рафаел Надал – два пати
Енди Мареј – еднаш
Иако серијата е завршена, Синер со овој постигнување потврди дека се наоѓа во друштво на најголемите тенисерски имиња на модерната ера.
Фото: Jannik Sinner/FB