Дома Фудбал Навивачите на Рома бесни на американските газди: Вратете се дома!

Навивачите на Рома бесни на американските газди: Вратете се дома!

Навивачката група на Рома продолжува со својот протест против американските сопственици, Ден и Рајан Фридкин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Рим, во петок вечер, беа поставени транспаренти кои го изразуваат незадоволството од тековните сопственици.

„Сезоната потврди: Рома е на навивачите, а не на берзанските акционери“, пишува на еден од транспарентите.

„Не сакаме пруги и ѕвезди, Америка, вратете се дома“, содржината на вториот транспарент се однесува на американското знаме.

Клубот минува низ тешка сезона, со слаби резултати и менување на тренери (Де Роси, Јуриќ), но искусниот Клаудио Раниери ја оживеа „Волчица“ и ја поведе од борба во долниот дел на табелата до борба за Лигата на шампионите.

Рома во моментов е на само еден бод од позицијата што води во најелитното европско натпреварување, а во недела ќе игра дерби со Милан.

Инаку, семејството Фридкин го поседува и Евертон, каде во декември 2024 година станаа мнозински сопственици.

Фото: AS Roma/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра го откри својот најголем фаворит на Мундијалот: Немаат конкуренциај, не гледам кој би ги запрел…

Досега на Светското првенство, Франција остави најсилен впечаток. Екипата на Дидие Дешамп …