Дома Фудбал Фановите шокирани: Еве колку треба да платите за пиво и пуканки на стадион во САД

Фановите шокирани: Еве колку треба да платите за пиво и пуканки на стадион во САД

Цените за храна на фудбалските стадиони ширум светот се популарна тема на социјалните мрежи, а специјализираната страница Footy Food повторно го привлече вниманието со својата последна објава.

Навивачите на стадионите плаќаат за храна многу повеќе од очекуваното, но вистински хит стана сумата што треба да ја издвоите ако сакате да се почестите за време на натпревар во Лос Анџелес.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Фудбалскиот клуб Лос Анџелес ФК, кој учествува во американската МЛС лига и станува сè попопуларен сезона по сезона, е вистински „шампион“ кога се зборува за цените на храната на стадионите.

Страницата Footy Food, која се занимава со анализирање на цените на фудбалските стадиони на глобално ниво, објави слика од сад со пуканки и лименка пиво на стадионот во Лос Анџелес.

Еден навивач за ова искуство плати 33 долари, што е приближно 30 евра, и тоа брзо привлече внимание на социјалните мрежи. Фановите останаа зачудени од цената за порција со пуканки и лименка од пола литар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал отсекогаш бил моќен, но легендите го признаа најголемото понижување: Топката не ја видовме

Некогашните ѕвезди на мадридскиот Реал, Икер Касиљас и Марсело, признаа дека на натпреваро…