
Винисиус Жуниор веќе се наметна како голема ѕвезда во Реал Мадрид. Мадридскиот клуб од него направи еден од најдобрите фудбалери на светот, но иднината на 25-годишниот офанзивец на Сантијаго Бернабеу уште не е сосема извесна.
Реал му понуди нов договор на агентите на бразилската ѕвезда со кој во наредните пет години би заработил 100 милиони евра, односно по 20 милиони евра годишно. Бразилецот смета дека оваа сума е ниска.
Агентите се обидуваат да добијат поголема сума од кралскиот клуб, а во преговорите го користат и интересот од Саудиска Арабија која му нуди неверојатни милијарда долари за петгодишен договор.
“Винисиус Жуниор бара од Реал Мадрид годишна плата од 30 милиони евра. Клубот за сега нуди ‘само’ 20 милиони”, пишува Марка и дополнува:
“Агентите во исто време преговараат со Саудиска Арабија. На тој начин сакаат да го натераат Реал да понуди повеќе пари”, истакнува мадридскиот лист.
Реал засега нема намера значително да го зголеми понуденото. Претседателот Флорентино Перес верува дека 20 милиони евра се сосем пристојна сума и остануваат на маса како понуда.
Вини повеќепати нагласуваше дека сака да остане во Мадрид. Меѓутоа, со вакви преговори, излезот од клубот може да се случи брзо. Реал нема трпение ни за поголеми ѕвезди, така што нема да го издржи ни него.
Флорентино Перез во минатото успешно соработувал со голем број големи имиња. Цврсто ги држел работите под контрола и нема сомнение дека на Бразилецот набрзо ќе му постави понуда која или ќе ја прифати или ќе си замине од клубот.