Дома Фудбал Ливерпул пред Сити во трката за Вирц, но води – Баерн

Ливерпул пред Сити во трката за Вирц, но води – Баерн

Последните информации од медиумите во Германија и Англија сугерираат дека најдобриот фудбалер на Баер од Леверкузен, Флоријан Вирц, заедно со своите родители, заминал во Манчестер за да се сретне лично со менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Сепак, фудбалскиот уредник на реномираниот германски BILD, Кристијан Фалк, тврди дека Граѓаните, и покрај оваа информација, немаат големи шанси да го осигураат овој извонреден германски репрезентативец.


Фалк изјави за англиските медиуми дека Манчестер Сити заостанува во трката за потписот на овој играч. Пред нив е новиот шампион, Ливерпул, но додава дека Баерн е во најдобра позиција.

„Веќе објавивме дека Манчестер Сити дал понуда за Вирц. Но, очигледно е дека имало и состанок со Ливерпул. Во моментот, Ливерпул е пред Манчестер Сити во таа трка„, оцени уредникот на фудбалската рубрика на BILD за CaughtOffside.

Потоа додаде:

„Но, вистината е: Баерн сè уште има најголеми шанси да го добие својот играч од соништата. Било ова лето или во 2026 година, бидејќи неговиот договор важи до 2027.“

Според извори, Баерн подготвува почетна понуда од околу 100 милиони евра. Сепак, останува да видиме како на тоа ќе одговорат во Леверкузен.

Овој клуб е задоволен од големото интересирање на водечките клубови од Англија и Шпанија, бидејќи тоа им помага (од Баерн) да добијат надомест поблиску до посакуваната цена од 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само една дилема има пред денешното последно коло во ПМФЛ!

Пред последното коло од Првата македонска фудбалска лига, остана нерешено само едно прашањ…