Дома Фудбал Големото засилување на Реал Мадрид ги минува прегледите

Големото засилување на Реал Мадрид ги минува прегледите

Реал Мадрид ги договори сите детали за трансферот на централниот дефанзивец на Борнмут, Дин Хаусен, кој моментално поминува медицински прегледи во Лондон.

Откако тестовите ќе завршат успешно, тој ќе потпише договор со кралскиот клуб за пет години. “Кралевите” ќе ја платат ослободителната клаузула на 20-годишниот шпански репрезентативец, која изнесува 50 милиони фунти.


Сумата ќе биде исплатена во три рати во рок од две години. Според британските медиуми, Борнмут се согласил да го ослободи играчот порано, за да му биде на располагање на новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, за претстојниот Светски клубски куп.

Според “Ас”, Хаусен ќе заработува на “Сантијаго Бернабеу” по 9 милиони евра годишно, а во последната година од договорот неговата плата ќе се зголеми на 11 милиони. Тој имал многу поповолни финансиски понуди од други клубови од Премиер лигата, но неговата желба била да премине во Реал. Челси, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед исто така се интересираа за талентираниот дефанзивец.

Хаусен ќе игра во последните два натпревари за Борнмут од сезоната – против Манчестер Сити и Лестер, по што ќе замине за Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим има нова желба од Италија: Манчестер јунајтед треба да плати 42 милиони евра!

Се зголемуваат шпекулациите дека Бруно Фернандеш може да го напушти стадионот Олд Трафорд.…