Дома Фудбал Винисиус уште го боли елиминацијата од Мундијалот: Селекторот требаше да го замени Нејмар!

Винисиус уште го боли елиминацијата од Мундијалот: Селекторот требаше да го замени Нејмар!

Документарецот за Винисиус во продукција на Нетфликс е објавен и во него можеме да видиме како супержвездата на Реал и репрезентацијата на Бразил сè уште не го преболел испаѓањето од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство 2022 што се одржа во Катар. По продолженијата и резултат 1:1, Хрватска го елиминираше Бразил на пенали. Во документарецот Винисиус го обвинува селекторот Тите за испаѓањето. Смета дека не ја затворил играта откако Бразил водеа со голот на Нејмар на крајот од првото продолжение.

„Мораше да го извади Нејмар и на негово место да стави стопер како Бремер и со тоа да ја затвори куќата. Само таа замена и уште една подоцна во играта ќе земеа две минути и така ќе победеше,“ вели во документарецот Винисиус, кој против Хрватска беше заменет од Родриго во 64. минута.


Да потсетиме, Хрватска, во 2022 година актуелен вицешампион на светот, тешко го избори прво преминот на групната фаза, а потоа и преминот на првата нокаут фаза. Во последниот натпревар од групната фаза против Белгија (0:0) ја спасија неверојатните промашувања на Ромелу Лукаку, а во осминафиналето против Јапонија тоа што Доминик Ливакович стана само третиот голман во историјата на Светското првенство кој одбранил три пенали во распукувањето.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само една дилема има пред денешното последно коло во ПМФЛ!

Пред последното коло од Првата македонска фудбалска лига, остана нерешено само едно прашањ…