Дома Фудбал Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското првенство 2006. година

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското првенство 2006. година

ЏАНЛУИЏИ БУФОН ги откри најлошите комплименти кои му ги дале Марчело Липи и Макс Алегри, зошто стоењето на гол линијата му било супермоќ и што точно се случило во тој момент со Зинедин Зидан во финалето на Светското првенство 2006 година.

Легендата на италијанскиот фудбал ја претстави својата нова книга на настан во Торино и одговараше на прашањата на новинарите, присетувајќи се на подемите и падовите во кариерата. “Темата на книгата е дека да бидеш голман е метафора за животот. Паднеш, станеш, паднеш, пак станеш. Падовите се неизбежни, но важно е да се најде мотивација за повторно да станеш”, рече Буфон.

“Јас бев ВАР во финалето на Светското првенство 2006.”


Врвот на неговата кариера беше титулата светски првак со Италија 2006. година, освоена по изведување на пенали против Франција. Но таа вечер беше и горчлива поради ударот на Зидан со глава кон Марко Матераци. Во времето пред воведувањето на ВАР, Буфон сето тоа го виде во живо и потрча до судијата за да му каже што се случило, што поттикна четвртиот судија да го потврди исклучувањето.

“Во тој момент јас бев ВАР”, се насмеа Буфон. “Мојата реакција и трчањето кон местото на настанот беа клучни судиите да разберат што се случило. Секако дека тоа никогаш нема да го признаат, но ја погледнаа снимката на мониторите. Јас бев единствениот што сè виде во реално време.”

Буфон беше и дел од италијанската репрезентација која неславно испадна уште во групната фаза на Светското првенство 2010. во Јужна Африка, по враќањето на селекторот Липи.

“Бев повреден па се вратив во соблекувалната и ги затекнав сите во депресија, со наведени глави. Тренерот дојде, беше смирен, но и оддалечен. Рече: ‘Момци, не е ваша вина, моја е, што како идиот решив да ве доведам.’ Признавам, отидов под туш за да можам да се насмеам на раат.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Валкана“ игра на Винисиус со Кралевите!

Винисиус Жуниор веќе се наметна како голема ѕвезда во Реал Мадрид. Мадридскиот клуб од нег…