Дома Фудбал Кој ќе биде Златната копачка? Ѓокереш постигна 38 голови, но Мбапе и Салах се поблиску до трофејот

Кој ќе биде Златната копачка? Ѓокереш постигна 38 голови, но Мбапе и Салах се поблиску до трофејот

Возбудата во трката за Златната копачка на Европа достигна кулминација последниве недели, бидејќи за најдобар стрелец на Стариот континент се натпреваруваат тројца извонредни напаѓачи.

Тековниот лидер на листата е Швеѓанецот Виктор Ѓокереш, кој постигна неверојатни 38 голови оваа сезона за својот Спортинг.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, коефициентот на португалската лига е нешто понизок во однос на лигите на петте најсилни европски лиги, односно изнесува 1,5, па на листата за Златната копачка моментално има 57 поени. До крајот на првенството ќе одигра уште еден натпревар.

На второто место се Французинот Килијан Мбапе од Реал Мадрид и Египќанецот Мохамед Салах од Ливерпул.

Двајцата извонредни фудбалери постигнаа по 28 голови, а бидејќи играат во најсилните лиги (Премиер лига и Ла Лига), бројот на голови се множи со два, па имаат 56 поени.

За разлика од Ѓокереш, Мбапе и Салах имаат да одиграат уште по два натпревари до крајот на првенството и нема сомнеж дека како фаворити ќе влезат во завршницата на трката за Златната копачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтлетико има голем план: Ќе потроши 165 милиони евра за двајца Аргентинци!

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид подготвува терен за доведување на нов централен бек, а зн…