Дома Фудбал Видал направи глупост, а судијата не му прости и му додели црвен картон (Видео)

Видал направи глупост, а судијата не му прости и му додели црвен картон (Видео)

Аргентински Рејсинг синоќа во натпревар од Копа Либертадорес го декласираше на свој терен чилеанскиот Коло Коло, а натпреварот го одбележа искусниот Артуро Видал кој на неверојатен начин доби црвен картон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во центарот на вниманието беше искусниот Артуро Видал кој повторно го покажа својот темперамент, но за жал по кој знае кој пат тоа ја чинеше екипата за која настапува.

Видал прво во 54. минута доби жолт картон поради прекршок, а само девет минути подоцна мораше под туш бидејќи судијата му додели црвен картон за несоодветно однесување.

Искусниот фудбалер избори прекршок за својата екипа, но потоа целосно ги изгуби нервите затоа што навивачите на Рејсинг успеаја да го испровоцираат и добијат тоа што го посакуваа – неговото исклучување.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moдриќ по една сезона го менува бројот во Милан?

Лука Модриќ од наредната сезона би можел да го носи бројот 10 во Милан, но само ако Рафаел…