Дома Фудбал Eден од најдобрите тренери на сите времиња го кажа својот став за Јамал: Многумина ќе се согласат

Eден од најдобрите тренери на сите времиња го кажа својот став за Јамал: Многумина ќе се согласат

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, истакна дека Ламин Јамал заслужува да ја освои златната топка, но дека не може да се спореди со најголемите фудбалери на сите времиња.

„Ламин Јамал е играч со многу квалитет и може да напредува многу, но не го гледам како феномен. Меси или Марадона правеа работи кои никој не можеше да ги замисли, но моментално не можам да го споредам со нив“ – рече Капело, па го спореди Ламин Јамал и Кристијано Роналдо:

„Не зборам за бројки, зборам за квалитет и генијалност. Кристијано Роналдо е импресивен играч. А колку голови постигна? Повеќе од сите, но не може да биде како Меси или Марадона“ рече Италијанецот.

Сепак, Капело смета дека Јамал треба да ја освои Златната топка.

„Би гласал за Ламин Јамал за Златната топка. Моите гласови би биле: Винисиус, Mбапе и прв, Јамал“ рече Капело.

Фото: FC Barcelona/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Мурињо беше побарано да ги спореди Роналдо и Мбапе: А, потоа…

Реал Мадрид во 2. коло од Примера ја совлада Реал Сосиедад со 4:1. Килијан Мбапе блесна со…