Дома Фудбал Еден од најапознатите италијански клубови ќе игра во трета лига, навивачите на лутиот ривал славеа на улиците (Видео)

Еден од најапознатите италијански клубови ќе игра во трета лига, навивачите на лутиот ривал славеа на улиците (Видео)

Некогаш големиот и успешен италијански клуб Сампдорија следната сезона првпат во историј ата ќе игра во трета лига.

Сампдорија испадна од Серија Б во вторник вечерта, благодарение на ремито против Јуве Стабија, што заврши 0:0 и така италијанскиот великан се пресели во понизок ранг.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Играчите на Сампдорија не го криеја разочарувањето на лицата на клупата во ноќта која со најцрни букви ќе остане запишана во историјата на клубот кој беше вицепрвак на Европа од 1992 година.

Целосниот крах на Сампдорија го надополнија и младинците кои испаднаа од највисокиот ранг и ќе играат во Примавера 2, а женскиот тим во Серија Б. Сите испаднаа.

Од клупата ги водеше Алберико Евани, покрај кого седеше клупската легенда и асистент Атилио Ломбардо и тие двајца ќе бидат запишани како стратезите под кои Сампдорија доживеала најголем неуспех во својата 78-годишна историја.

Навивачите на градскиот ривал Џенова ги провоцираа и го прославија испаѓањето на Сампдорија во трета лига на италијанскиот фудбал со огномет и излегување на улиците.

Да се потсетиме, клубот од стадионот Луиџи Ферарис во 1991 година ја освои титулата шампион на Италија под водство на Вујадин Бошков, а од 1985 до 1994 освои четири Купови на Италија додека уште двапати играше во финале.

Исто така го освоија и Купот на победници на куповите во 1990 година, а сезоната претходно загубија во финалето на истотоа натпреварување.

Од Серија А испаднаа во сезоната 2022/2023, а во Серија Б не успеаа да се задржат подолго од две сезони. Оваа сезона ја завршија на 18 место на табелата од 20 тима и следната сезона ќе играат во најнизок ранг во кој некогаш играле.

Освоија 41 бод, а полоши од нив беа Козенца (30 бода) и Цитадела (40), а во плеј-офот за опстанок ќе играат Салернитана со 42 и Фрозиноне со 43 бода.

Директен пласман во Серија А обезбедија Сасуоло и Пиза, која ја тренира легендарниот италијански напаѓач Филипо Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер бара напаѓач и го наоѓа во Манчестер?

Интер ќе доживее блага реконструкција на крајот на оваа сезона, а веќе пишувавме за замину…