
Најдобриот играч на Оклахома Шеј Гилџес-Александер зборуваше по победата на неговиот тим против Денвер во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.
Се зборуваше за најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ, кој на овој натпревар постигна 44 поени, 15 скока и пет асистенции.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Пред сè, тој е многу паметен, мислам дека тоа му дава предност (во однос на другите). Секогаш ја движи играта, секогаш размислува неколку потези однапред, чита различни видови одбрани, го чита нападот на противниците. Неговата интелигенција на теренот е многу висока и тој постојано ја користи“, рече Гилџес-Александер на прес-конференцијата.
На теренот беше прашан за големите 44 поени што ги постигна Јокиќ, а се чини дека Канаѓанецот извлече своевидна поука по победата.
„Ова е тимски спорт. Никој не може сам, Чет ми е потребен мене, а јас нему, Вилијамс, итн. Јасно е дека Јокиќ е многу талентиран, но нам најважна ни е победата, денес ја постигнавме.“