Дома Фудбал Трансферот на Арнолд во Реал сепак нема да биде бесплатен. Ливерпул бара специјална оштета.

Трансферот на Арнолд во Реал сепак нема да биде бесплатен. Ливерпул бара специјална оштета.

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД минатата недела официјално објави дека на крајот на сезоната го напушта Ливерпул, клубот каде ја помина целата своја досегашна кариера. Оваа вест означува крај на една ера за 26-годишниот десен бек, кој пристигна во Ливерпул како шестгодишно момче и оттогаш прерасна во еден од најважните играчи и симболи на клубот. Во емотивното збогување истакна дека ги остварил сите свои соништа на Енфилд, им се заблагодари на навивачите и клубот и нагласи дека по 20 години, дојдено е време за нов предизвик.

Според информациите што ги објавија Скај Спорт и многу светски медиуми, Александер-Арнолд преминува во Реал Мадрид, и тоа како слободен играч. Тој ја одби понудата на Ливерпул за продолжување на договорот, која ќе го ставеше меѓу најплатените бекови на светот, одлучувајќи се за трансфер во шпанската престолнина каде ќе потпише петгодишен договор.

Реал сепак ќе плати мала оштета

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Иако сите првични информации сугерираа дека неговиот трансфер во Реал ќе биде сосема без оштета со оглед на тоа дека му истекува договорот, сепак не е така. Имено, Реал силно сака Александер-Арнолд да настапи на Светското клупско првенство кое се одржува од 14 јуни до 13 јули.

Со оглед на тоа дека договорот му истекува на 1 јули, ќе може да им се приклучи на Реал дури на средината на турнирот, но се поставува прашањето дали шпанскиот клуб воопшто ќе може да го регистрира во тимот за тоа натпреварување.

Според ЕСПН, Ливерпул бара отштета од околу еден милион евра за да му дозволи на Арнолд да игра за Реал на Светското клупско првенство. Мадрид е во група таму со саудискиот Ал Хилал, мексиканскиот Пачука и РБ Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус пронајде ново засилување – во одбраната пристигнува Холанѓанец!

Торинскиот Јувентус го договори доаѓањето на младиот фудбалер од Холандија Шејн ван Ерл. М…