Дома Фудбал Ливерпул и Арсенал се во најдобра позиција за Хаусен

Ливерпул и Арсенал се во најдобра позиција за Хаусен

Ливерпул и Арсенал се клубовите кои во моментов изгледаат како големи фаворити за привлекување на централниот бек на Борнмут, Дин Хаусен. Ова го тврди новинарот Флориан Плетенберг од „Скај спортс Германија“.

Интерес продолжуваат да имаат и Реал Мадрид и Бајерн (Минхен), но Баварците повеќе го фокусираат вниманието на Јонатан Та од Бајер (Леверкузен). Поголемата цел на кралскиот клуб е Вилијам Салиба, тврди Фабрицио Романо, иако цената на Французинот ќе биде значително повисока.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Според поинакви информации од „Дејли Телеграф“, Реал веќе напредува во преговорите со Хаусен и на „Сантиаго Бернабеу“ веруваат дека ќе ја добијат битката за него. Челси, исто така, е поврзан со шпанскиот интернационалец.

Откупната клаузула во договорот на Хаусен со „црешките“ е 50 милиони фунти, а според Плетенберг сумата може да се исплати во три рати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем гест на Аморим: Јунајтед не сакаше да плати билети за финалето на ЛЕ, но тој ќе го стори тоа!

Кога клубот не сака по којзнае кои причини, сака тренерот. Рубен Аморим ќе го плати патува…