Дома Останати Тенис Кирјос се изнервира: Ако ја славите неговата повреда, тогаш сте најголемото ѓубре на Земјата

Кирјос се изнервира: Ако ја славите неговата повреда, тогаш сте најголемото ѓубре на Земјата

Екипата на Бостон Селтикс беше поразена од Њујорк Никс и сега имаат заостанување од 3:1 во полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата. Освен поразот во четвртиот натпревар, тие останаа и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум, кој доживеа сериозна повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За него се сомневаат дека ја повредил ахиловата тетива, поточно дека ја скинал, и сигурно го очекува многу долга пауза.

Ѕвездата на Бостон не е баш меѓу омилените кошаркари во целата НБА лига, поради што почнаа навивачи да ликуваат преку социјалните мрежи, а поради тоа се јави и Ник Кирјос.

Австралијанецот имаше што да порача.

„Кој и да се радува на повредата на Џејсон или било кој спортист, вие сте најголемо ѓубре на светот“, порача Ник Кирјос.

ФОТО: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …