Дома Останати Кошарка Најголемата ѕвезда на Бостон ќе паузира цела година поради страшна повреда!?

Најголемата ѕвезда на Бостон ќе паузира цела година поради страшна повреда!?

Најголемата ѕвезда на ланскиот шампион на НБА лигата, Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум се здоби со непријатна повреда и во количка ја напушти салата. Дојдоа првите неофицијални информации за неговата состојба.

Тажна е судбината на Бостон Селтикс оваа сезона. Освен тешкиот пораз во четвртиот натпревар на плејоф серијата против Њујорк Никс, го загубија и најдобриот кошаркар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во синоќешниот натпревар, Никс славеа со 121:113, но Бостон за време на натпреварот остана без Тејтум кој играше феноменален натпревар.

До моментот кога се повреди, Тејтум имаше 42 поени, осум скокови, четири асистенции и четири украдени топки, како и две блокади.

Според неофицијалните информации и пишување на американските медиуми, најмногу се сомнева на повреда на ахиловата тетива.

Страшната повреда за повеќето кошаркари е скоро правило да ги остави надвор од теренот во наредните година дена.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Откриено што точно ѝ пресуди на врската на Лука Дончиќ и Анамарија Голтес

Лука Дончиќ и Анамарија Голтес моментално водат жестока судска битка за старателство над д…