Дома Фудбал Ливерпул ги планира засилувањата: Слот има две големи желби, но за една ќе се бори со Барселона

Ливерпул ги планира засилувањата: Слот има две големи желби, но за една ќе се бори со Барселона

Иако се шпекулира со недели наназад дека Џереми Фримпонг е првата опција за Ливерпул, во игра е и десниот бек на Монако – Вандерсон.

Медиумите во Бразил тврдат дека Арне Слот е сериозно заинтересиран за нивниот репрезентативец, откако беше потврдено дека Трент Александер-Арнолд заминува во Реал Мадрид.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Веќе долго време, Вандерсон е на мета на Барселона, бидејќи го обожава спортскиот директор Деко, но Каталонците долго време не се во финансиска можност за позицијата десен бек.

Вандерсон е проценет на 30 милиони евра, има 23 години и договор до летото 2028 година. Тој пристигна во Монако од бразилскиот Гремио, во зима 2022 година и ова лето би можел да ја смени средината.

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо Јуниор ги следи стапките на својот татко, доби повик во У-16 репрезентацијата

Синот на фудбалската легенда Кристијано Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, ги следи чекор…