Дома Останати Кошарка Сурова статистика: Јокиќ го одигра најлошиот меч во кариерата (Фото)

Сурова статистика: Јокиќ го одигра најлошиот меч во кариерата (Фото)

Денвер Нагетс и Никола Јокиќ беа целосно надминати во вториот натпревар од плејофот од полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата против Оклахома Тандер.

Домаќинот беше убедлив со 149:106, а во тимот од Колорадо практично ништо не функционираше. Првенствено одбраната, но и останатите параметри не беа ни блиску до просекот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ, го заврши вториот дуел од полуфиналната серија со 17 поени, осум скока и шест асистенции, а мораше на клупата на крајот на третата четвртина поради шест лични грешки.

Тоа беше вечер за заборав, што најсликовито го покажува фактот дека Јокиќ имаше најлош плус-минус учинок во својата кариера – дури минус 36.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Eве кој ја доби наградата МВП на Евробаскетот

Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шредер е именуван за најкорисен играч на Евр…