Дома Фудбал Интер со вчерашната голема победа и добро профитираше: Еве колку заработија „нераѕурите“

Интер со вчерашната голема победа и добро профитираше: Еве колку заработија „нераѕурите“

Интер со победата 4:3 во реваншот на полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона со вкупен резултат 7:6 го елиминираше противникот и се избори за натпреварот за трофејот. Освен тоа, пласманот во финалето му донесе 18,5 милиони евра. Така, Интер се искачи на првото место на табелата за приходи од ЛШ оваа сезона со вкупно 136,6 милиони евра.

Интер може да ја зголеми заработката ако ја освои Лигата на шампионите. Ако во финалето го победи ПСЖ или Арсенал, кои денес го играат реваншот на полуфиналето, ќе добие уште 6,5 милиони евра премија за освојувачот на ЛШ. Но, тоа не е сѐ, клубот кој ќе триумфира во Лигата на шампионите ќе добие и 4 милиони евра за учество во европскиот Суперкуп. Барселона ја завршува сезоната на четвртото место со вкупно 116,6 милиони евра премија од УЕФА за настапите и успесите во најсилното натпреварување.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Клубовите кои се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите (Барселона, ПСЖ, Интер, Арсенал) добиваат по 15 милиони евра премија од УЕФА. Така, оваа четворка е на врвот на табелата за приходи од Лигата на шампионите оваа сезона врз основа на премиите од Нион.

Фото: Inter/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, тра…