Дома Останати Кошарка Лејкерс и Далас повторно ќе прават трејд!?

Лејкерс и Далас повторно ќе прават трејд!?

Се навестува нов трејд помеѓу НБА клубовите Лос Анџелес Лејкерс и Далас, според многубројни американски кошаркарски новинари.

НБА лигата буквално ја потресе неодамнешниот трансфер помеѓу овие два клуба, по кој словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го напушти Далас и се пресели во Лос Анџелес. Иако го засили составот на Лејкерс и прогнозите беа дека Дончиќ и ЛеБрон Џејмс би можеле да ја одведат екипата до крајот на тековниот плеј-оф, клубот испадна од Минесота уште во првиот круг по поразот 1-4.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во таа серија се покажа дека на Лејкерс им недостасува вистински играч на централната позиција, на пример во последниот натпревар играчот на Минесота Руди Гобер постигна дури 27 поени со 24 скокови и две блокади, што ги поддржува најавите за новиот трансфер.

Од Далас во ЛА Лејкерс треба да замине 26-годишниот центар Даниел Гафорд, кошаркар кој претходно играл за Чикаго и Вашингтон. Клубот од Лос Анџелес очигледно сака на својата нова ѕвезда Дончиќ да му доведе познат играч со кој одлично соработувал во Далас.

Во спротивна насока би требало да замине 27-годишниот јапонски играч Руи Хачимура, кој оваа сезона за Лејкерс остваруваше 13.1 поени по натпревар со пет скокови.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…